Со денешното дерби меѓу Шкендија и Силекс се комплетира 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Тетовскиот тим влегува во овој дуел како третопласиран со 27 бода. Со евентуална победа, Шкендија ќе го прескокне Тиквеш и ќе се врати на втората позиција. Така домаќините ќе се доближат на само два бода до лидерот Струга Трим Лум. Тетивци бараат рехабилитација по минималниот пораз од 1-0 на гостувањето кај Струга во минатото коло.
Од друга страна, кратовски Силекс е на шестото место со 17 освоени бода. Гостите исто така бркаат позитивен резултат, откако во претходното коло загубија дома од Вардар со 0-1. Триумфот за Силекс би значел скок на петтата позиција и престигнување на арачиновска Шкендија.
Традицијата во првенството е на страната на тетовци, кои славеа на првиот овосезонски дуел во Кратово со 0-2. Сепак, Силекс знае да биде незгоден ривал, откако во мај ја совлада Шкендија во Купот со 1-0.
Дерби натпреварот што ќе се игра во Скопје на арената „Тодор Проевски” ќе почне од 13 часот.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|





























