Фудбалерите на Струга Трим Лим ја остварија петата победа во низа, а вкупно десетта во Првата македонска лига. Стружани во натпревар од 14.коло, во Штип, со пресврт во вториот дел ја победија Брегалница со 1-2.

Гостинскиот тим важеше за фаворит и така го почна натпреварот. Стружани нападнаа кон домашниот гол, но без ефект. Затоа пак на задоволство на домашните навивачи, фудбалерите на Брегалница беа оние кои први постигнаа гол.

Во финишот на првиот дел (42.минута) Глигоров ja затресе мрежата на стружани за водство на Брегалница од 1-0.

Во вториот дел, гостите тргнаа уште по офанзивно кон голот на штипјани. Тоа веднаш вроди со плод. Во 51-та минута кога Алији директно од корнер го совлада Јашар и израмни на 1-1. Стружани продолжија со притисокот кон голот на Брегалница. Домашниот состав умешно се бранеше , но имаше и многу среќа. Сепак, во 87.минута Радески го искористи одличниот центаршут на Фал и донесе водство и победа на Струга Т.Л. со 1-2.

Сега Струга се зацврсти на врвот на табелата со 32 бодови, пет повеќе од Тиквеш и тетовска Шкендија која утре го игра дербито против Силекс кој е шести.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање