Ракометарите на Алкалоид славеа победа во првиот натпревар од 3.коло на ЕХФ Европскиот куп. Шампионот од пред две сезони во ова натпреварување. Алкалоид вечерва пред своите симпатизери го совлада словенечкиот Горење Велење. Натпреварот во Автокоманда избраниците на Кирил Лазаров го добија со разлика 32-23.
Натпреварот започна во знак на гостите кои брзо направија три голови предност 1-4 во седмата минута. Но избраниците на Лазаров брзо ги консолидираа резовите и со три врзани голови израмнија на 4-4. На четири и пол минути пред паузата на семафорот стоеше 12-10, по што следуваше клучниот налет на скопскиот тим. Алкалоид ја заклучи одбраната, направи серија од 3-0 во самата завршница и замина на одмор со високи 15-10. Еден од најзаслужните за одличното прво полувреме беше голманот Марко Кизиќ, кој блесна меѓу стативите со седум одбрани. Неговите сигурни интервенции ѝ дадоа дополнителна самодоверба на одбраната и го ограничија Горење на само десет гола за 30 минути.
Можеше Алкалоид да слави и со двоцифрена разлика, но дојде до опуштање
Алкалоид како го заврши првиот дел така отвори и во вториот. Со серија од 5-1, во 37.минута имот од Автокоманда имаше девет голови предност 20-11, а потоа и 22-13. Тука дојде до големо опуштање на избраниците на Лазаров, па противникот четири негатива 25-21. Сепак, словенечката екипа немаше сили дополнително да ја загрози победата на Алкалоид кој на крајот славеше со девет разлика (32-23).
Најефикасен во екипата на Алкалоид беше Марко Митев со 5 голови, додека Никола Костески и Игор Ѓорѓиев постигна постигнаа по четири .
Ова е убава предност за тимот на Лазаров, пред реваншот во Словенија, што ќе се игра за седум дена, на 29 ноември.




























