Познат е првиот пар за полуфиналето од плеј-офот во Втората кошаркарска лига. Вардар и Ангели ќе се борат за финалето, а со тоа и пласман во Првата лига.

Ова откако попладнево вардарци славеа во вториот четвртфинален дуел со МЗТ Скопје У.Б., а и Ангели повторно беа подобри од Водно Санс.

На дуелот одигран во СЦ „Јане Сандански“, избраниците на Игор Гацов го скршија отпорот на Водно Санс во последната четвртина, откако во првото двата тима имаа свои добри периоди на игра, а домаќините на одмор заминаа со +4 (48-44). Имаше Водно предност од 54-48, по што уследи серијата на гостите со 14-2, но до крајот на третата четвртина Водно Санс успеа да го израмни резултатот на 67-67. По само три минути игра во последниот период Ангели уфрлија 13, а примија само 3 поени и во 33-минута имаа +10 ( 70-80).

Тоа веќе беше знак дека искусниот гостински тим е блиску до целта, па не им дозволи на домаќините повторно да се вратат во игра и на крајот заслужено Ангели славеа со конечни 92-74, за 2:0 во победи и пласман во полуфиналето. Во него Ангели за противник ќе го имаат Вардар со кој имаат половичен ефект во лигашкиот дел по една победа и пораз.

Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од дуелите Охрид – Работнички и Куманово – Скоколи во кои гостинските екипи влегоа со предност од 1:0 во победи во серијата подобар до два.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (втор натпревар)
(1) МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ВАРДАР 82-90 (0:2 победи)
(4) ВОДНО САНС – АНГЕЛИ 74-92 (0:2 победи)
(2) ОХРИД – РАБОТНИЧКИ (0:1 победи) 17 часот
(3) КУМАНОВО – СОКОЛИ (0:1 победи) 19 часот

Евентуалните мајсторки би се играле на 29 април.