Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, ја чека втората рунда од претквалификациите за Европското првенство 2029 година. Македонските кошаркари во августовскиот „прозорец“„ на ФИБА ќе одигра еден натпревар. Тие ќе гостува кај Австрија на 30 август во Виена.
Селекторот на Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за дуелот со Австрија.
Ако на претходните два меча со Луксембург и Ирска, дресот на Македонија го носеа Американците, Нејт Сестина и ДиВејн Стјуард Јуниор, сега тоа ќе биде нивниот сонародник Мозес Рајт.
СПОСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ:
Ненад Димитријевиќ
Виктор Ташовски
Виктор Ефремовски
Војдан Стојановски
Лука Стојановски
Адем Мекиќ
Андреј Јакимовски
Стојан Ѓуроски
Лејсон Зеќири
Валмир Какруки
Резарт Мемед
Тома Стојаноски
Петар Бошалески
Кристијан Николов
Мозес Рајт
Подготовките на репрезентацијата ќе бидат реализирани во Скопје. Стартуваат на 24 август, во “Т Арената” во Скопје (од 17.30 часот).
Покрај Австрија противник на Макњоднија во групата „Ф“ е и селекцијата на Кипар.
































