Втор ден натпревари во ,,Б” дивизијата на Европскиот кадетски кошаркарски шампионат, што се одржува во Гевгелија и Скопје.

По вчерашната победа над Кипар, македонската кошаркарска селекција денеска ќе игра против репрезентацијата на Исланд.

Избраниците на селекторот Дејан Стојановски во првиот меч покажаа голема борбеност. Селекторот се надева дека и во денешниот дуел неговите полини ќе ја имаат истата енергија.

,,Задоволен сум од енергијата што ја покажаа момците. Токму тоа сакавме да го видат и нашите навивачи на трибините.

 Воодушевен сум од поддршката од навивачите и се надевам дека ќе имаме уште поголема публика.

го анализираме Исланд и ќе се подготвиме максимално, затоа што сакаме да го направиме и вториот чекор, односно да стигнеме до нова победа.

Очекувам Исланд да игра со многу енергија, па ќе мора да бидеме подготвени за голема борба во скокот”, изјави Стојановски. 

Инаку и селекцијата на Исланд со победа над Украина, со 11 поени разлика, го започна својот настап на првенството.

Целта на македонската селекција е јасна, да се обезбеди пласман меѓу двете прворангирани во својата група, а со тоа и учество во четвртфиналето.

Денешниот натпревар меѓу Македонија и Исланд ќе почне во 18 часот и 30 минути а влезот во гевгелиската сала ќе биде слободен.

Натпреварот ќе може ДА ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇