Уште еден младински репрезентативец на Македонија следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Битолскиот клуб постигна согласност со репрезентативецот до 20 години, Бојан Димитриев.
Се работи за 20-годишен кошаркар, висок 2024 сантиметри, а минатата сезона ја мина во дресот на Водно Санс. Инаку Бојан е брат на Благој Димитриев кој неодамна исто така се договори со битолскиот клуб во кој ќе настапува следната сезона.
Покрај овие двајца, нови имиња во составот на новиот тренер Тане Спасев се и: Виктор Златевски, Иван Сапунџиев, Коста Кириловски. Зелено-белиот дрес ќе го носат и Американците, Алонзо Едвард Денинг и Камрон МекДауел.




































