Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа нов пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Хрватска. Нашите млади кошаркари, во натпревар од второто коло, загубија од Босна и Херцеговина со конечни 75:86.
Македонските јуниори одиграа одлично прво полувреме и на паузата заминаа со заслужена предност од 46:41. Во текот на третиот период нашиот национален тим стигна и до највисоки плус девет, водејќи со 57:48. Сепак, противникот возврати со серија од 13:2 и целосно ја врати неизвесноста во натпреварот.
Одлучувачкиот пресврт се случи во последната четвртина, кога кошаркарите на БиХ ја презедоа контролата врз резултатот. Со силен финиш противничкиот состав се одлепи на седум поени разлика и рутински го затвори мечот.
Така бадијала останаа поентерските учиноци на Ѓорѓевиќ со 21 поени и Цветковски кој постигнати еден помалку (20), која Македонија пак загуби.
Со двата порази, вчерашниот од Азербејџан и денешниот од БиХ, македонските јуниори се уште подалеку од четвртфиналето цо кое кое ќе играат двете првопласирани селекции од групите.
Следен предизвик за избраниците на селекторот Мишо Тодоровиќ е селекцијата на Унгарија, во дуелот закажан за утре (недела).


































