Екипата на Интер Мајами не успеа да слави победа ниту со Лионел Меси во составот, играјќи 2:2 против Синсинати. Аргентинскиот виртуоз овој пат не се запиша меѓу стрелците во возбудливиот натпревар од американската МЛС лига.

Главната улога во нападот ја презеде Луис Суарез, кој во 61.минута донесе водство за тимот од Флорида. Гостите од Синсинати брзо возвратија и направија целосен пресврт, ставајќи ги домаќините во крајно незавидна ситуација. Головите за Синсинати ги постигнаа, Кенџи Мбома (80.минута) и Самуел Гиди (86).

Спасител за Интер Мајами беше Рикелме Филипи, кој во деведесеттата минута го постигна својот прв првенствен погодок. Со овој клучен гол во самиот финиш, домашниот состав успеа да извлече само еден бод.

По ова реми, клубот остана на третото место во Источната конференција, барајќи шанса за напредок на табелата. Следниот предизвик за Меси и соиграчите е директната пресметка со Њу Ингланд за втората позиција.