Со натпреварот што ќе се игра попладнево во Струмица каде гостува шампионот МЗТ Скопје ќе биде комплетирано 4.коло во кошаркарската Супер лига.

Аеродромци играат во „пеколен“ ритам. Овој дуел доаѓа веднаш по настапот во ФИБА Еврокупот против АЕК Ларнака. Веќе в недела тимот на МЗТ Скопје го очекува нов дуел во домашно првенство против зелено-белиот состав на битолски Пелистер.

И покрај напорниот распоред, актуелниот шампион е изразит фаворит за нова победа во спортската сала „Парк“. Сино-белите имаат максимален учинок од три победи на стартот од новата натпреварувачка сезона. Од друга страна, домашниот состав на Струмица досега забележа само еден триумф и два порази.

Натпреварот Страница – МЗТ Скопје Аеродром ќе почне во 18.30 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П И кош +/- Б