Денеска ќе се играат нови два натпревари со кои ќе биде комплетирано премиерното коло во Првата македонска фудбалска лига.
Како Вардар и Струга ТЛ, така и останатите два конкуренти за највисок пласман Силекс и Шкендија, стартуваат со домашни натпревари.
Сепак, тетовци, наместо пред својата публика, а поради казната од крајот на минатата сезона, првите четири натпревари како домаќини ги играат надвор од Тетово. Денешниот со повратникот во прволигашката конкуренција Скопје од Автокоманда, Шкендија ќе го игра на теренот крај ФФМ од 19 часот.
Претходно од 17 часот, во Кратово, тимот на Силекс ќе го пречека кумановски Башкими.
Распоред
Се вчитуваат резултатите…
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање


































