Македонскиот одбојкарски шампион денеска ќе го игра реваншот мечот од Лигата на шампионите. Противник е силниот првак на Холандија, екипата на Орион Старс.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Џексон“ во Штип. Првата пресметка во Холандија заврши со пораз од 3:0 за нашиот тим.

Одбојкарите очекуваат огромна поддршка од трибините за подобар резултат. Играчите ветуваат максимално залагање и значително подобра игра на домашниот терен.

„Секако дека од наша страна ќе прикажеме многу подобра игра. Се надевам дека ќе го добиете она што знаете дека го имаме. Тоа е добро познатата борбеност која ја краси нашата екипа.

Ги поканувам сите да присуствуваат на уште еден голем спортски спектакл“, изјави Михајло Мисарчиев.

Реванш натпреварот против холандскиот првак започнува точно во 18 часот, а влезот во салата е слободен. 

Ова нема да биде последен натпревар на штипјани сезонава на европската сцена. И со елиминација од шампионската лига, Штип УГД ќе продолжи со настап во ЦЕВ купот.