Фудбалската репрезентација на Швајцарија е тринаесеттата што обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство.

Во натпреварот одигран во Ванкувер, Канада, Швајцарците го совладаа Алжир со 2-0.

Избраниците на Мурат Јакин одигра уште еден солиден и дисциплиниран натпревар во кој на противникот не му дозволија сериозно да се закани.

Швајцарците ја контролираа играта од самиот почеток и поведоа во 11-тата минута со голот на Емболо. Тој резултат остана се до крајот на првото полувреме.

А, на самиот почеток на вториот дел, Швајцарија поведе со 2-0. Стрелец на голот беше Дан Ндоје кој ја искористи конфузијата на алжирската одбрана.

Швајцарија во осминафиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Колумбија и Гана.

Cup tree provided by Sofascore