Фудбалерите на Португалија, се меѓу ТОП-16 репрезентации на Светското првенство. На дуелот од шеснаесетина-финалето, одигран во Торонто, Португалците со голем пресврт и во судиското дополнение ја совладаа Хрватска со 2-1.
Прво полувреме за заборав одиграа Хрватите и Португалците. Иако имаа поголем посед на топката и поголема иницијатива, Португалците создадоа две полу шанси, од кои не се заканија посериозно кон голот на Ливаковиќ. Хрватска пак ориентирана на задачите во одбраната шансата за гол ја бараше преку полуконтри. Но, и Хрватите не упатија ниту еден конкретен удар кон голот на противникот.
Во второто полувреме сосема поинаква слика на теренот и многу по интересен фудбал.
Хрватска беше таа која наметна посилно темпо. По само три минути игра се закани Матео Ковачиќ, а на неговиот удар не беше прецизен. Затоа пак во 53 минута ударот на Иван Перишиќ ја погоди целта за водство на Хрватска од 1-0. Три минути подоцна Хрватите уште еднаш ја затресоа противничката мрежа, но голот беше поништен поради офсајд.
Тоа како да ги разбуди Португалците, кој првата голема шанса за израмнувања ја имаа преку Рафаел Леао кој ја погоди пречката Во 60-тата минута Кристијано Роналдо ја погоди мрежата на Ливаковиќ, но за милиметар не избегна офсајд, па голот не беше признат.
Во 67.минита, а по прегледување на ВАР снимката, беше досуден пена за Португалците, кој во израмнување го реализира Кристијано Роналдо.
Во 75 и 76 минута португалскиот голман Диого Кошта, во три наврати спречи нова водство на Хрватите. Тие уште еднаш ја затресоа португалската мрежа, но и тој гол беше поништен поради офсајд.
Главниот судија реши да надополни 10-минути во вториот дел. Тоа го искористи Гонсало Рамос кој во во четвртата минута од дополнувањето го постигна голот за водство на Португалија од 2-1.
Но, тука драмата не заврши бидејќи во 13-тата минута од дополнувањето Јишко Гвардио ја затресе мрежата на Португалците. Сепак, радоста на Хрватите траеше кратко бидејќи по прегледувањето на снимката голот беше поништен поради офсајд.
Така Португалците обезбедија пласман во осминафиналето во кој за противник ќе го имаат актуелниот европски шампион Шпанија.

































