На Светското фудбалско првенство, вечерва ќе се игран нов натпревар од 1/16-финаето. Во Лос Анџелес на програмата е втората европска пресметка во оваа фаза.
Актуелниот европски шампион Шпанија место во осминафиналето ќе брка во дуелот против Австрија. Шпанците ја имаат улогата на голем фаворит, но Австријците си имаат свои адути
Шпанија ја оправда својата улога како еден од фаворитите на турнирот во групната фаза. Избраниците на Луис де ла Фуенте го освоија 1.место со седум бода, без да примат ниту еден гол. По изненадувачкиот реми (0-0) со Капе Верде, „Црвената фурија“ ја победи С.Арабија со 4-0, а го потврди 1.место со победа од 1-0 против Уругвај.
Патот на Австрија до 1/16-финалето беше значително потежок. Тимот на Ралф Рангник, враќајќи се на Светското првенство за прв пат од 1998 година, а заврши втор во групата Ј, зад Аргентина. Тие го отворија натпреварувањето со победа од 3-1 над Јордан, пред да загубат со 2-0 од Аргентина. Одлуката за продолжување на настапот на Мундијалот, дојде во последното коло, во спектакуларен натпревар против Алжир кој заврши нерешено 3-3.
Традицијата е на страна на Шпанија
Ова ќе биде само втор судир меѓу двете екипи на Светското првенство. Првиот, во 1978 година во Аргентина, го доби Австрија со 2:1 и останува една од најголемите сензации на Мундијалите, со елиминацијата на Шпанија.
„Црвената фурија“ е подоминантна со 9 победи во 16 натпревари, наспроти 4 триумфи на Австрија. Последниот натпревар пред речиси 15 години, Шпанија го доби убедливо со 5-1 и тоа во Виена.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|

































