Третиот натпревар од 1/16-финалето на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико ќе се игра вечерва.
Германија и Парагвај ќе се сретнат во 22:30 часот на стадионот во Бостон.
Германија влегува во натпреварот како голем фаворит, но нокаут фазата традиционално не остава простор за опуштање, особено против тим кој се потпира на солидна одбрана и дисциплинирана игра.
Избраниците на Јулијан Нагелсман го отворија турнирот на импресивен начин. Германија го победи Курасао со 7-1 во Хјустон, покажувајќи го својот напаѓачки потенцијал. Напаѓачката линија функционираше речиси беспрекорно, а нејзината ефикасност веднаш ги смести Германците меѓу главните претенденти за титулата. Сепак поразот од Еквадор во третото коло (1-2), беше и е голема опомена за „Панцирните“.
Германија ќе мора да покаже значително поголема концентрација на натпреварот против Еквадор, ако сака да го продолжи учеството на Светското првенство.
Парагвај не блескаше во групната фаза, но го постигна она што беше најважно – место меѓу 32-те најдобри репрезентации во светот. По убедливиот пораз од домаќините САД со 4:1, следуваше сензационалната победа над Турција, Ремото со Австралија без голови ги остави Парагвајците сеуште како учесници на Мундијалот.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|

































