Денеска во хотелот „Green Space“ во Охрид, се одржа официјалниот собир на машката репрезентација на Македонија во ракомет на плажа.
Со денешниот собир, репрезентативците, предводени од селекторот Наум Бабачев, официјално ги започнаа подготовките за претстојниот меѓународен турнир во Полска, на кој ќе настапат против европски репрезентации.
По неколкудневните подготовки во Охрид, националниот тим на 12 јуни ќе отпатува за градот Плок.
Распоред на натпреварите:
13.06.2026 (сабота)
Македонија – Чешка | 10:30 – 12:00 часот
Германија – Македонија | 17:30 – 19:00 часот
14.06.2026 (недела)
Полска- Македонија | 11:00 – 12:30 часот


































