Ракометарите на Алкалоид забележаа убедлива гостинска победа во Австрија и го потврдија пласманот во следната фаза на ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот претставник славеше над Ферлах со конечни 32:18 во реванш натпреварот.
Разликата во квалитетот беше очигледна кога избраниците на Кирил Лазаров експресно поведоа со 4:0. Домаќинот немаше никакво решение за цврстата одбрана на скопскиот клуб. Уште на полувремето гостинскиот тим од Македонија замина со висока предност од 12:6. Целосната контрола на играта остана кај гостите и во текот на второто полувреме. Најефикасен во победничкиот табор беше Никола Костески со седум постигнати гола. Одлична партија пружи и кружниот напаѓач Матиц Сухолежник со пет погодоци во противничката мрежа.
Од македонските претставници, во следната рунда обезбеди и екипата на Охрид. Актуелниот првак во ова натпреварување, запиша две доминантни победи над турскиот претставник Спорт Тото. Тимот на Бутел за жал го заврши овогодишниот европски настап
Така последните два шампиони во ЕХФ Европскиот куп, Охрид (2026-та) и Алкалоид (2025.година) ќе ги гледаме и натаму во трката за трофејот.





























