Со еден натпревар што ќе се игра попладнево во Скопје ќе виде отворено четвртото коло во македонската Суперлига. Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ кошаркарите на ТФТ го пречекуваат Штип.
Домашниот тим ја има фаворитската улога. Двете екипи имаа послаб почеток на сезоната и моментално се наоѓаат во долниот дел од табелата.
Скопскиот состав е на осмата позиција, откако во првите три настапи забележа една победа и два порази. ТФТ во минатото коло загуби тесно од МЗТ Скопје, но претходно славеше против градскиот ривал Скопје. Од друга страна, дебитантот, Штип стартуваше со три порази. Штипјани загубија од Кожув, Куманово и Тиквеш, па денеска ќе го бараат првиот сезонски триумф.
Натпреварот ТФТ – Штип што ќе почне од 13 часот, ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | И | кош +/- | Б |
|---|
































