Арина Сабаленка ја задржа првата позиција на најновата ВТА ранг листа објавена денеска. Иако Белорусинката беше неочекувано елиминирана во четвртфиналето на Роланд Гарос, сепак ја заврши првата позиција со 9.090 поени, пред Елена Рибакина со 8.143 и Ига Швјонтек со 6.733.
Мирра Андреева со триумфот во Париз скокна на шестото место со 5.751 поени и бележи најголем напредок меѓу дессетте најдобри.
Таму се и: Коко Гоф, Елина Свитолина и Каролина Мучова. Најголем прогрес по Гренд слемот во Париз направи финалистката Мaja Хвалинска. Таа направи сензационален скок од 93 места и сега е 21-ва во светот

































