Фудбалерите на Струга Трим Лум си ја завршија денешната обврска, п сега ќе го чекаат исходот од дербито Шкендија Тетово – Вардар. Стружани во натпреварот од 11 коло одигран на домашен терен, го совладаа пласираниот Скопје со 4-0. .

Домаќините за само половина час ја потврдија фаворитската улога и веќе создадоа три голови предност

Домаќините поведоа уште во 12.минута со прекрасниот гол Бројки кој биеше од 20-тина метри. Веќе во 18.минута беше 2-0. Во гостинскиот шеснаесетник најдобро се снајде Кристијан Малевски кој втор пат го принуди Наумовски да ја вади топката од својата мрежа. На третиот гол не се чекаше долго. Во 30.минута, по двојната акција на Агама и Малевски, фудбалерот од Франција зголеми на 3-0.

Во второто полувреме (59.минутс) листата на стрелците се запиша и Воша кон ги постави конечните 4-0 за стружани.

Во новите бодови и сега вкупно 23, колку што има и Шкендија, Стружани избиваат на првото место на табелата. Тие сега ќе го чекаат исходот од дербито во Гостивар што ќе почне од 14 часот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање