Ракометарите на ГРК Охрид остварија нова убедлива победа против турскиот Спор Тото со 38:22 и обезбедија пласман во следната фаза. Македонскиот претставник и актуелен шампион во Европскиот куп, доминираше во реваншот и го потврди своето место во 3.коло од натпреварувањето.

Иако турскиот тим пружи солиден отпор во првиот дел, охриѓани на пауза заминаа со предност од два гола. Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ целосно ја презедоа контролата во второто полувреме и брзо создадоа недостижна разлика. Квалитетот на македонскиот состав дојде до полн израз преку одличната тимска игра и цврстата одбрана.

Најефикасни во победничкиот табор беа Дарко Ѓукиќ и Мартин Ивановски со по шест постигнати погодоци. Свој голем придонес во високиот триумф имаше и голманот Блажески, кој забележа единаесет успешни интервенции.

Охриѓани сега можат мирно да ги чекаат предизвиците во домашното првенство и името на следниот европски ривал.

Настапот во Европа купот го завршија ракометарите на Бутел забележаа пирова победа во дуелот со хрватската Горица.