Трите водечки екипи на табелата во Првата македонска фудбалска лига, денеска играат натпревари од единаесеттото коло.
Дербито е во Гостивар, каде лидерот тетовска Шкендија го пречекува актуелниот шампион Вардар која е третопласиран.
Тетовци во моментов имаат три болови повеќе во однос на скопските црвено-црни, но и Струга Трим Лум кој е исто така се игра денеска.
Вардар е во низа од три првенствени победи, а Шкендија на последните 4 натпревари забележа два триумфи. Првото нивно соочување сезонава во Скопје и припадна на Шкендија (0:2), благодарение на двата гола на Фабрис Тамба. Денешниот дуел иако е само од единаесеттата рунда, сепак во продолжението на шампионатот може да даде насока околу борбата за титулата.
И исходот од овој натпревар секако ќе го чекаат фудбалерите на Струга Трим Лум. Тие важат за апсолутни фаворити во дуелот против посебно пласираниот состав на Скопје.
Првиот натпревар ќе стартува 12 часот во Струга, од 14 часот следува дербито во Гостивар.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|





























