По завршувањето на Гренд слемот во Париз, Роланд Гарос, денеска објавена најновата тениска ранг листа.
На првите три места нема промени, па и наваму лидер е Јаник Синер. Иако Италијанецот, рано го заврши настапот во Париз, сепак останува прв со 1.250 бодови повеќе од Карлос Алкараз. Шпанецот поради повреда не настапи на Ролан Гарос, но остана пред победникот Александер Зверев кој е трет.
И Новак Ѓоковиќ рано беше елиминиран во Париз, па Србинот падна за три места и сега е седми. Ѓоковиќ сега го минаа, Феликс Оже-Алијасим, кој се искачи за две места, односно Бен Шелтон и Алекс де Минор. На осмата и деветтата позиција останаа Данил Медведев и Тејлор Фриц, но затоа финалистот Флавио Коболи, се искачи за четири места и за прв пат во кариерата стигна до првите десет.

































