Машката македонска од одбојкарска репрезентација репрезентација, ја впиша првата победа во ЦЕВ Европската лига. На првиот од трите турнири, а домаќин беше Струмица, Македонија во четири сета го победи Луксембург.
Поразот од Холандија, пред два дена, беше брзо заборавена. Сепак и на овој меч се видоа бројните слабости кои ги имаа македонските одбојкари. Отсуството на Љафтов, и тоа како се одразува на играта на нашата репрезентацијa, па селекторот миленковски е принуден да бара ат нови решенија. Тоа повеќепати се повтори и на денешниот натпревар во кој Луксембург го доби првиот сет со 23-25.
Во продолжение жолто-црвените успеаја да ги консолидираат редовите и предводени од капитенот Никола Ѓоргиев, Македонија направи комплетен пресврт. Нашите одбојкари ги добија следните три сета со 25-21, 25-20 и 25-13 , а мечот со 3:1.
Следен е турнирот во Грција, што ќе се игра наредниот викенд. Покрај со домашната селекција, Македонија ќе одигра и меч против Исланд.


































