Младинската фудбалска репрезентација на македонија денеска ќе го затвори циклусот на квалификации за Европскиот шампионат.

Со гостувањето на „Фалкон“ арената во Фалкенберг, против шведска македонските фудбалери ќе го одиграат последниот натпревар.

Ова ќе биде дуел само за престиж бидејќи нема да промени ништо во конечниот поредок на табелата. Швеѓаните во моментот се четврти со три бода повеќе од македонската репрезентација. За да дојде до промена на позициите македонија ќе треба да слави убедлива победа. Во првиот меѓусебен натпревар, одигран во Битола, минатата година, Швеѓаните го добија убедливо со 4:1.

Нашите репрезентативци во овој меч влегуваат со желба останат непоразени, како што тоа беше случај на последните два натпревари. Триумфот над Ерменија во март месец е еден од вкупно двата, бод освоивме и на последниот меч четири дена против Црна Гора.

Дали избраниците на селекторот Александар Таневски, ќе ја остварат целта останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 18.30 час.