Македонската фудбалска репрезентација до 20 години, претрпе вистински дебакл во својот последен натпревар на Медитеранските игри во Таранто. .
Македонските фудбалери беа надигра и од една година помладата селекција на Мароко со 1:5.
Мароканската селекција уште во 43. секунда дојде до предност преку Есади. Македонија резултатски брзо се врати во игра, во 4. минута од средбата, Дарјан Тасев успеа да израмни.
Резултатот стоеше на семафорот до 36. минута, кога Мароко преку Зенеби Талби донесе нова предност. Во вториот дел, противникот даде уште три гола во мрежата на Македонија. Мунсеф погоди за 3:1, а потоа Есади и Гурари реализираа за конечни Македонија – Мароко 1:5.
Македонската селекција го заврши настапот на последното место во групата со еден освоен бод.





































