Младинската фудбалска репрезентација на Македонија, пропушти шанса во последните секунди да се израдува на победа над Црна Гора. Репрезентацијата до 21 година првото „реми“ дури во деветтиот натпревар од квалификациите за европското првенство.

Во Битола, младите македонски фудбалери одиграа 1-1 против соодветната репрезентација на Црна Гора со 0-1, во претпоследниот натпревар од овој циклус.

Првиот дел им пропадна на гостите од Црна Гола кои во 44.минута преку Костиќ дојдоа до предност од 0-1. Во вториот дел Македонија заигра многу подобро. Прво погодивме пречка, а неколку минути подоцна (57) добивме пенал. Реализатор за израмнување беше Љатифи кој погоди за 1-1.

Во самиот финиш двете селекции имаа шанса за втор гол и евентуална победа. Прво Црна Гора преку стрелецот Костиќ кој биеше во надворешниот дел од мрежата Џеков. Во последните секунди уште поизгледна можност имаше Мехмед кој од 4-5.метри непречен од никој се обиде со главна, но без ефект.

Овој бод не промени ништо на табелата. Македонија остана претпоследна, петта со сега со 7 бода, три помалку од Шведска, а четири помалку од Црна Гора.

Во последниот натпревар од овие квалификации, Македонија во понеделник (5 октомври) ќе и гостува на Шведска.