Македонските младински фудбалски репрезентации до 19 и 17 години претрпеа порази во тековните квалификации за Европското првенство.
Селекцијата до 19 години загуби убедливо од фаворитот Холандија со резултат 4-0 на гостински терен. Холанѓаните доминираа во текот на целиот меч и постигнаа по два гола во двете полувремиња. Стрелци на хет-три за домашниот тим беше Пепин Реулен.
Холандија води на табелата со шест бода, пред Молдавија со 3 и Фарски Острови и Македонија кои имаат по еден. Селекцијата на Молдавија ќе биде следен противник на младите македонски фудбалери во вторник 31 март.
Репрезентацијата до 17 години пружи силен отпор, но сепак загуби од моќната Франција со тесни 2-1. Македонија имаше предност од 22.минута со голот од пенал на Џангаровски. Но, радоста траеше нецала минута кога Луфунду израмни на 1-1. Триколорите до победата дојдоа со голот на Амауш во 63 минута.
На табелата во оваа група води Франција со шест бода, пред Германија со 4 и Словенија со 1, а Макеоднија останува на нула.
Следниот предизвик за селекцијата до 17 години е домаќинот на турнирот Словенија против која ќе играме во среда (16.30 часот).


































