Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе нов пораз во Б дивизијата на Евробаскетот.
Во дуелот од ,,Д” групата шампионатот во Хрватска, Македонија е поразена од Унгарија со ____ .
Катастрофално одиграната прва четвртина ја чинеше Македонија. По стартното водство 2-0 противникот врза девет поени во низа. Големиот број на загубени топки и само шесте постигнати поени, на нашите јуниори, им овозможи на Унгарците кварталот да го добијат со петнаесет разлика 6-21. Во вториот период далеку подобра игра на избраниците на Мишо Тодоровиќ. Сепак предноста на противникот на паузата пак остана голема 26-40.
Но, во второто полувреме пак иста слика од првиот квартал. Црвено-жолтите загубија уште 12 топки (вкупно 23), па јасно беше дека натпреварот ќе оди во полза на противникот. На крајот Унгарците славеа со убедливи 84-63.
Со овој пораз нашите јуниори и дефинитивно ги загубија шансите за во четвртфиналето, па сега ќе разигруваат за подобро позиција во понатамошниот текот шампионатот. Следуваат два слободни дена за македонските јуниори, а во среда е дуелот против Шведската.
































