Младата кошаркарска репрезентација на Македонија (У18), попладнево ќе го игра вториот натпревар во „Б“ дивизијата на Европското првенство.
Откако напите јуниори вчера беа поразени од Грузија, денеска ќе имаат можност да го поправат впечатокот во дуело против БиХ.
Како и нашата така и босанската селекција стартуваше со пораз од Унгарија. Затоа овој натпревар може да биде еден од решавачките за понатамошниот тек на првенството. Амбициите на двете селекции е пласман на првите два позиции и учество во четвртфиналето. Токму затоа императив е победа денеска.
Потоа за нашите јуниори ќе следува дводневна пауза, пред дуелите со Унгарија и Шведска.
Денешниот дуел Македонија – БиХ ќе почне во 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.


































