За фудбалската репрезентација на Македонија, остануваат уште два натпревари во „Б“ сегментот од Лигата на нациите.

По четирите порази, без постигнат гол, разочарувањето кај македонската јавност е голема. Седлоски и неговите избраници ќе треба да го поправат впечатокот во дуелите со Шкотска на гости и Словенија на домашен терен.

Македонија прво на 13 ноември ќе и гостува на Шкотска, а три дена подоцна е последниот натпревар со Словенија на домашен терен.

Фудбалската федерација информира дека продажбата на картите за тој натпреварот Македонија, ќе започне на 2 ноември (понеделник).

Цената на картите ќе изнесува 500 денари. Влезниците ќе можат да се купат исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk