Машката кошаркарски репрезентација на Македонија, попладнево ќе го игра последниот натпревар во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029.
Во „Националниот центар за спорт и култура“ , Македонија му гостува на Луксембург.
Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал имаат јасна цел квалификацискиот циклус да го завршат со максимален учинок. Со пет победи во исто толку натпревари, Македонија веќе го обезбеди 1.место во групата „А“ и пласман во следната фаза од претквалификациите.
Иако дуелот нема резултатско значење, во нашиот табор владее желба успешната серија да биде продолжена и во Луксембург. Шпанскиот стратег реши да направи измена во црвено-жолтиот тим, на позицијата натурализиран играч. Така на местото на на местото на Ди-Џеј Стјуард, ќе биде неговиот сонародник, Американецот, Нејт Сестина.
Во составот ќе ги нема и Андреј Јакимовски и Марко Луканоски, па Македонија на овој дуел ќе биде само со десетмина кошаркари.,
Натпреварот меѓу Луксембург и Македонија ќе се игра во терминот од 16 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ .👇


































