Од годинашново издание на „Македонија Опен 2026“ остана да се одигра уште финалниот меч во сингл конкуренција. На големо задоволство на македонските навивачи нашиот тенисер Калин Ивановски ќе биде актер на финалниот меч. Тој очекува голема поддршката од трибините во мечот со искусниот Владислав Орлов од Украина.
За Ивановски ова е вкупно 11. то финале во кариерата (поради повреда имаше пауза од речиси една година отсуство од настап на турнирите). Година има извонреден учинок и има 12 победи на 13 мечеви (го загуби финалето на турнирот во Загреб минатата недела). Калин Ивановски има и пет турнирски победи (последната во јули 2023 во австриски Крамсах).
Противник на Ивановски во денешното финале ќе му биде Владислав Орлов, искусен играч – 31. година, кој има освоено 10 турнири (сите од рангот на ИТФ М25 и М15).
Бројките зборуваат дека двајцата тенисери, кои се во најдобра форма стигнаа да финалниот меч.
Финалето се игра со почеток во 11:30 часот на Централниот терен на ТК Југ, а влезот е слободен.
Мечот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ или НА МРТ3.


































