Европскиот шампион Шпанија е нов осминафиналист на Светското фудбалско првенство. Во европскиот дуел одигран во Лос Анџелес, Шпанците лесно ја совладаа Австрија со 3-0.

Уште од самиот почеток фаворитот Шпанија ја наметна својата игра. Во 29.минута по корнерот на Јамал, Кукуреља ја затресе мрежата на Австријците. Сепак, голот беше поништен поради прекршок врз австрискиот голман. Само три минути подоцна се обиде и Ојарзабал, но неговиот удар го одбрани Шлагер.

А, токму овие двајца фудбалери учествуваа при постигнувањето на првиот долго 35-та минута. Кукуреља уплати одличен центар шут во шеснаесетникот на Австријците, каде на вестинското место се најде Ојарзабал за водство на Шпанија од 1-0.

Во судиското дополнение Шпанците имаат двојна можност да ја зголемат предноста. Обидот на Алекс Баена од слободен удар, заврши во пречката, а во продолжение на акцијата Јамал биеше само во добро поставениот голма на Австралија.

Иста слика и во вториот дел во кој ,,црвената фуријa” продолжи со доминантната игра. Создадоа Шпанците повеќе шанси, а промената на резултатот дојде во 66.минута кога Педро Поро зголеми на 2-0.

И тука не беше крајот на „голеадата“ на Шпанците.

Конечниот резултат го постави Ојарзабај со својот втор гол на натпреварот, а четврти на шампионатот, постигнат во 88-мата минута.

Шпанците сега ќе го чекаат исходот од вечерашниот дуел меѓу Хрватска и Португалија за да го дознаат осминафиналниот противник. Дуелот меѓу Хрватите и Португалците ќе почне од 1 часот по полноќ.