Со максимални пет победи, Македонија обезбеди пласман во следната фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

По убедливиот триумф над Ирска, Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена.

„Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус.

Сакаме да победиме и на следниот меч со Луксембург затоа што сакаме перфектен циклус.

Не припаѓаме во овие претквалификации, нам ни е местото на повисоко ниво, но чекор по чекор, мислам дека ќе дојдеме до нашата цел“, изјави Јакимовски.

Последниот предизвик за македонската репрезентација во овој квалификациски циклус е гостувањето кај Луксембург. 

Таму македонските кошркари ќе имаат можност со нова победа да го заокружат настапот со максимален ефект.

Следете нé на социјалните мрежи