Репрезентацијата на Бразил е вториот осминафиналист на Светското фудбалско првенство.
На натпреварот во Хјустон, Бразил со пресврт во вториот дел и гол во 96.минита ја победи Јапонија до 2-1.
Во првото полувреме Јапонија го надигра фаворитот во секој сегмент. Офанзивната игра на Јапонците беше крунисана со голот на Сано во 29.минита за водство од 1-0. Популарните ,,Самураи” се обидуваа да ја удвојат предноста, но на одмор заминаа со еден гол позитива.
Во вториот дел, очекувано Бразил беше оној што ја презеде иницијативата. ,,Кариоките” создадоа повеќе шанси за конечни во 56.минита Каземиро да ја затресе мрежата на Јапонците за израмнување на 1-1.
И кога сите се подготвуваа за дополнителни 30.минути, продолженија, Бразил со последната минута стигна до победата.
Грешката на јапонската одбрана ја казни Габриел Мартинели и со голот во 96.минута му донесе победа на Бразил и пласман во осминафиналето.
Сега Бразил ќе го чекаат исходот од дуелот меѓу Норвешка и Брегот на Слоновата Коска.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|

































