Репрезентацијата на Канада е првата која обезбеди пласман во осминафиналето на Светското фудбалско првенство.
Воведниот натпревар од елиминациските фаза, одигран во Лос Анџелес, против Јужна Африка, фудбалерите на Канада го дoбија со 1-0.
Уште од самиот почеток двете селекции покажаа голем мотив да го добијат натпреварот. Во отворени и напаѓачки фудбал, беа создадени повеќе шанси на двете страни. Во финишот Канаѓаните имаа тројна во една акција, но не ја погодија целта. Затоа на пауза се замина со печениот резултат 0-0.
И второто полувреме донесе ист, борбен фудбал. Не отстапуваа двете селекции од желбата да стигнат до гол и победа. Беа промашени повеќе шанси и кога сите очекуваа дополнително 30.минути беше постигнат единствениот гол. Се играше втората минута од дополнение кога Еустакио со прекрасен удар го совлада голманот на Јужна Африка за делириум на трибините меѓу канадските навивачи.
Противник на Канада во осминафиналето ќе биде подобриот од дуелот Холандија – Мароко закажан за вторник по полноќ во 3 часот во Монтереј.
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
⚙️ Внесување на резултати (СП 2026)


































