Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, не успеа да ја израдуваат домашната спортска јавност, со пласман на Мундијалот. Затоа, македонските фудбалери наместо да се подготвуваат за историски настап, тие сега ќе бидат спаринг партнери на селекциите кои ќе играат на Светското првенство летово.
Македонија ќе одигра два контролни натпревари со учесниците на Мундијалот, Турција и Босна и Херцеговина.
Од ФФМ денеска го потврдија одигрувањето на вториот меч, со Турците. Тој ќе се игра на 1 јуни на стадионот „Шукру Сараџоглу / Чобани“ во Истанбул, со почеток во 19:30 часот.
Претходно, на 29 мај, Македонија ќе одигра контролен натпревар против Босна и Херцеговина во Сараево.
































