Екипите на ТФТ и битолски Пелистер имаа големи амбиции сезонава во мак-баскетот. Сепак,. двата тима останаа без трофеи, прво во Купот, а потоа и првенството.

Елиминациите од Маџари и МЗТ Скопје Аеродром, ги оддалечија двата трима од посакуваното финале за шампионскиот трофеј. Сега скопската и битолската екипа, ќе играат во утешното „мало финале“ односно дуелот за третото место.

Првиот од можните три натпревари (серијата се игра во два добиени) ќе се игра утре во Скопје. Во салата во населбата Маџари, точнмо на пладне ТФТ и Пелистер ќе го играат првиот меѓусебен натпревар.

Финалето пак ќе почне во недела во СЦ „Јане Сандански“ каде шампионот МЗТ Скопје ќе ја почне одбраната на титулата против Маџари.