Време е за фудбалска прогноза!Влегуваме во самиот расплет на сезоната, период кога секој бод вреди „злато“, а натпреварите стануваат се’ поотворени и понеизвесни.

Иако две недели по ред нашиот ТИКЕТ НА КОЛОТО „паѓа“ за само еден натпревар, овој пат сме оптимисти дека е време за „трета среќа“ и конечен погодок. На програмата има неколку супер интересни натпревари, а јас избрав 5 парови кои имаат навистина реални шанси да поминат.

Со уплата од 200 денари, потенцијалната добивка е 3.345, а ако веќе го играте тикетот, не заборавајте на HAPPY HOUR бонусот во Златна копачка за 10% поголема добивка!

Еве што играме викендов:

АРСЕНАЛ : БАРНЛИ – 1-1 & 2+

Арсенал се бори за титула и кога игра дома ретко остава простор за изненадувања, особено против екипи од долниот дел на табелата. Верувам дека „топчиите“ уште од самиот старт ќе наметнат темпо и ќе водат на пауза, а со оглед на нивниот офанзивен стил на игра, прогнозирам најмалку 2 гола на мечот.

ЊУКАСЛ : ВЕСТ ХЕМ – T1 2+

Њукасл на домашен терен игра отворено и создава огромен број шанси, додека пак Вест Хем сезонава има проблеми со одбраната во гости, па не би ме изненадило домаќините сами да постигнат 2 или повеќе гола уште во првото полувреме.

АТЛЕТИК БИЛБАО : СЕЛТА –GG

Билбао на домашен терен е фаворит, но Селта е тим кој знае да казни ако ѝ оставиш доволно простор. Токму затоа очекувам натпревар со шанси на двете страни и голови во двете мрежи.

ЏЕНОВА : МИЛАН – 2P 2+

Милан често игра далеку поотворено во второто полувреме, додека пак Џенова никогаш не се затвора целосно кога игра дома. Мојата претпоставка е дека играта ќе се отвори после паузата и ќе паднат најмалку 2 гола во вторите 45 минути.

КОМО : ПАРМА 1-3 1P & 1+ 2PИ Комо,

И Парма играат максимално офанзивно на отворањето на натпреварот па затоа очекувам максимум 3 гола во првото полувреме. Во вториот дел очекувам уште најмалку 1 погодок затоа што и две екипи играат доста офанзивно.

Кодот за брза уплата на овој тикет е: 137063