Продажбата на билетите за фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Словенија официјално започна денес (понеделник, 2 ноември). Фудбалската федерација на Македонија ги информираше навивачите дека влезниците за овој дуел ќе се продаваат по единствена цена од 500 денари.
Натпреварот од петтото коло во Б-групата од Лигата на нациите ќе се одигра на 16 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Сите заинтересирани љубители на фудбалот можат да ги набават своите билети исклучиво електронски преку официјалната платформа на федерацијата, eticket.ffm.mk.
Во првиот меѓусебен натпревар одигран во Љубљана, Словенија славеше победа од 2-0 над нашата репрезентација.
Пред оваа средба, избраниците на селекторот Гоце Седлоски на 13 ноември прво ќе и гостуваат на на Шкотска.
По четири одиграни кола во групата Б1, лидер на табелата е Швајцарија со максимални 12 бодови и гол-разлика 11-1. Словенија се наоѓа на втората позиција со седум бодови, додека третопласираната Шкотска досега освои четири бодови. Македонската фудбалска репрезентација е последна на четвртото место без освоен бод и со негативна гол-разлика од нула (0) постигнати и десет (10) примени голови.































