Брера Струмица и Македонија Ѓорче Петров одиграа без победник во натпревар во 17 коло од Првата лига. На дуелот одигран во Стумица двете екипи постригнаа по еде гол (1-1) и то во првото полувреме.

Струмичани поведоа со деби голот на Леонардо Петровиќ во 20. минута. Велков мајсторски асистираше, а Петровиќ ја затресе мрежата на Јанков за 1:0. Во 43. минута Луковиќ направи голема грешка играјќи со рака во шеснаесетникот по што беше досуден пенал за гостите.

Пецов шутираше, Вргов одбрани, но одбиената топка повторно стигна до Пецов кој израмни на 1:1.

Во вториот дел гостите создадоа неколку зрели можности за гол. Сепак, домашниот голман Вргов беше херој и ги спаси своите со одлични интервенции. Натпреварот заврши без победник и со поделба на бодовите.

Последниот меч од ова коло ќе се одигра во Битола, каде Пелистер ќе го пречекува Работнички. По првиот дел домаќините водат со 2-1.