Два нови натпревари попладнево ќе се играат од 25.коло во Првата македонска фудбалска лига. Во Тетово и Скопје натпреварите на конкурентите за шампионскиот трофеј Шкендија и Вардар ќе почнат во два различни термин.

Први на теренот во Тетово од 13.30 часот ќе истрчаат фудбалерите на Шкендија и Пелистер. Тетовци во трка за титулата, а пелистерци во борба за опстанок, влегуваат во овој дуел.

Тетовци се во низа од седум натпревари без пораз од кои шест победи. Последниот неуспех го имаа во УЕФА Конференциската лига, а по елиминацијата, комплетно се посветија на домашните обврски. Битолчани пак на последните седум натпревари немаат победа.

Два часа подоцна, на арената „Тодор Проески“, во иста ситуација трите бодови ќе ги бркаат Вардар и Македонија Ѓорче Петров.

Вардар е лидер на табелата со идентични 58 бодови како и Шкендија. Македонија ЃП пак е деветта со бод повеќе под Пелистер, но во опасната зона. Ѓорчепетровци ги загубија последните четири натпревари во низа, а Вардар на исто толку претрпе два пораз. Репрезентативната пауза, добро им дојде на двете екипи, но колку отсуството на Седлоски од вардаровите тренинзи ќе влијаа останува да видиме. Овој натпревар ќе почне во терминот од 15.30 часот.

Двата денешни натпревари ќе можете да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇