Со натпреварот одигран попладнево во Куманово, започна четири дневната програма од 25.коло во Првата лига.
Во воведниот дуел, екипите на Башкими и Тиквеш одиграа без победник 2-2. Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме, а два од нив во судиското дополнение.
Гостите од 54.минута поведоа со 0-1 со голот на Силва. Но кумановци направија пресврт благодарение на двата гола на Аворнио во 59-тата и 75-тата минута.
Во судиското дополнение уште два пати се тресеа мрежите. Прво Лавал во втората од дополнувањето (90+2) израмни на 2-2, а во четвртата Аворнио ја затресе мрежата на Тиквеш. Сепак, фудбалерот од Гана, остана без хет-трик, бидејќи голот беше поништен поради офсајд.
Така двата тима освоија по еден бод, па нема промени на табелата. Тиквеш остана петти со 37, а Башкими шести со 36 бода.
ПРВА ЛИГА – 25 КОЛО
Четврток
БАШКИМИ – ТИКВЕШ 2-2
Петок
15.30 СИЛЕКС – ШКУПИ
15.30 АП БРЕРА – АРСИМИ
Сабота
13.30 ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
15.30 ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
Недела
15.30 СТРУГА Т.Л. – РАБОТНИЧКИ
































