Попладнево во Кавадарци и Тиквеш се одиграа првите два натпревари од 26.коло во Првата лига.

На натпреварот во Кавадарци каде Тиквеш го пречека Силекс гостите победија со 0-3.

Кратовци поведоа во 17.минута со голот на Португалецот, Пиреш. Во финишот на првиот дел, односно 41.минута, Босанецот, Алиќ зголеми на 0-2. Конечниот резултат беше поставен во самиот финиш односно 85 минута, со прекрасниот гол на Велиновски.

На дуелот во Куманово екипите на Башкими и струмичка АП Брера одиграа без голови 0-0.

За утре закажани се два натпревари и тоа на претендентите за шампионскиот трофеј.

Од 15.30 часот на теренот крај ФФМ во Скопје, Работнички ќе го пречека првакот Шкендија. Вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар што ќе се игра во Битола ќе почне во вечерниот термин од 20 часот.

Последните два натпревари од ова коло ќе се играат во четврток.

ПРВА ЛИГА – 26 КОЛО

Вторник
ТИКВЕШ – СИЛЕКС. 0-3
БАШКИМИ – АП БРЕРА 0-0
Среда
15.30 РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
20.00 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
Четврток
15.30 МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ
15.30 ШКУПИ – СТРУГА Т.Л.

Standings provided by Sofascore