По репрезентативната пауза, продолжуваат натпреварите во Првата фудбалска лига со дуелите од 25 коло што ќе се играта во четири дена.
Колото почнува денеска од 12.30 часот со натпреварот во Куманово каде Башкими ќе го пречека кавадаречки Тиквеш.
Утре во терминот од 15.30 часот ќе се играта натпреварите во Кратово меѓу Силекс и Шкупи, односно Кавадарци, меѓу АЛ Брера и Арсими.
И ден подоцна (сабота) два натпревари во два термини и тоа на екипите што се борат за шампионскиот трофеј. Од 13.30 часот, првакот Шкендија во Тетово го пречекува битолски Пелистер. Два часа подоцна (15.30) Вардар ќе го почне дуелот со Македонија Ѓорче Петров.
Колото ќе биде комплетирано дуети во недела (15.30 часот) со натпреварот Струга Трим Лум – Работнички.
ПРВА ЛИГА – 25 КОЛО
Четврток
12.30 БАШКИМИ – ТИКВЕШ
Петок
15.30 СИЛЕКС – ШКУПИ
15.30 АП БРЕРА – АРСИМИ
Сабота
13.30 ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
15.30 ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
Недела
15.30 СТРУГА Т.Л. – РАБОТНИЧКИ




































