Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тенисеки рангирања, поа така е и денеска .,
На машката АТП ранг листа има промени меѓу десетте најдобри.
Норвежанецот, Каспер Руд со освојувањето на Мастерс турнирот 1000 во Мадрид, скокна за осум места и сега е седмиот играч во светот.
Неговиот противник во финалето, Британецот, Џек Дрејпер, се искачи за едно место и сега е петти.
На првите четири позиции останаа истите тенисери. Италијанецот, Јаник Шинер е на врвот, пред Германецот, Александар Зверев, Шпанецот, Карлос Алкараз и Американецот, Тејлор Фриц.
Најтрофејниот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ сега е шести.
Листата на ТОП-10 во која сега го нема Данил Медведев кој е 11-ти ја комплетираат, Алекс Деминаур на осмото место и Холгер Рине кој е досети.


































