Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ја зголеми својата предност во однос на конкурентките, на врвот на ВТА ранг листата.
Белорусинката која триумфираше на Мастерсот во Мадрид сега има 4.345 поени повеќе во однос на второ рангираната Ига Швјатек од Полска.
иналистката од Мадрид, Американката, Коко Гоф сега е на третото место, потиснувајќи ја сонародничката Џесика Пегула.
Позициите 5 и 6 ги сменија Италијанката, Јасмине Паолини и Американката, Медисон Кејс. Зад нив се младата Мира Андреева и Квен Женг од Кина.
Со променети места, следуваат Ема Наваро (САД) и Паола Бадоса (Шпанија), кој ја заокружуваат листата на десетте најдобри.
































