Машкото одбојкарско првенство е при самиот крај, се игра финалната серија која ќе го даде шампионот за сезоната 2024/25.

Попладнево на програмата е четвртиот меч и тоа во Струмица.

Во него, актуелниот шампион Струмица, ја има втората „меч топка“ за освојување на нов трофеј. По водството од 2:0 струмичани првата шанса ја пропуштија на гостински терен да ја освојат 12-тата титула. Сега, пред својата публика повеќе од јасно е дека одбојкарите на Струмица ќе имаат уште поголем мотив за славје.

Од другата страна, екипата на Штип УГД се надева со уште една одлична игра како пред четири дена кога славеа во три сета, би можела да останат во игра. Во таква ситуација, штипјани шансата за прва шампионска титула ќе ја имаат во „мајсторката“ пред својата публика.

Денешниот меч меѓу Струмица и Штип УГД ќе почне од 19 часот, а може да го гледате низ ТВ предност на МРТ3 (овде).